Форекс пазар

форекс пазарForex пазар или Forex, од англиската скратеница Foreign Ehchange Market, е најголем финансиски пазар на светот. Имиња кои се сретнуваат во терминологијата се Retailforex, fx, ili FX Spot и сите подразбираат работа во Forex тргувањето. Опсегот на тргување или трговинскиот волумен кој го опфаќа Форекс пазарот изнесува повеќе од 3 трилиони долари на ден. Ради споредба, волуменот на New York Ѕtock Exchange (берза во Њујорк) која воедно представува најголема берза на светот, изнесува околу 25 милијарди долари дневно. Форекс пазарот е огромен и поголем околу три пати од сите светски пазари на акции и опции.

Форекс пазарот каков го знаеме денес, благодарејќи на наглиот напредок на компјутерите и интернетот, подразбира масовност и голема брзина на извршување на налози (експедитивност) на учесниците во тргувањето. Меѓутоа, потсетување на основните елементи кои го сочинуваат светскиот финансиски пазар се користи за разбирање на начинот на кој функционира Форекс пазарот и улогите кои ги има во бизнис светот. Всушност, после 1998 година spot тргување со валути како најпопуларен форекс инструмент низ целиот свет, остварувал околу 37% од сите активности. Истовремено, останатиот дел од целиот финансиски пазар го сочинуваат forward  и swap со 57%, опции со 5% и futures со 1%.

 Спот пазарот се одликува со брзина на променливост и големи осцилации што донесува до големи профити, но може да предизвика и големи загуби. Инаку, спот пазарот се состои од билатерален договор по кој една страна дава одредена количина од одредена валута наспроти приемот на одредена количина друга валута, па форекс пазарот како основен поим подразбира истовремено купување на една и продажба на друга. Тоа значи, дека форекс пазаот подразбира тргување со пари или тргување со валутни парови. Спот пазарот го добило тоа име спот, што значи место, но не подразбира одвивање на трансакции истиот работен ден кога ќе се изврши и трансакцијата, додека валутните трансакции кај кои тоа се подразбира се кеш трансакции. Нејчесто во прашање беа застапени дводневните валутни извршувања (освен во случај на канадскиот долар, кај кој се спот извршувал следниот ден), кои се појавија многу пред технолошките достигнувања и информатичките процеси. Спот пазарот, за разлика од опции и фјучерси се одликува со временско ограничување на ризикот на извршување на трансакциите, точно поради големата брзина на извршување на трансакциите, што ја поставува во позиција на се поголем пораст на заинтересирани трејдери за овој начин на тргување.

Спот пазарот се одликува со висока ликвидност и волатиност, на што конкретно влијае степенот на флуктуација на цената на валутата во одреден период. Таканаречени freefloating или слободно променливи валути како што се евро, јапонски јен и други валути, често се волатилни во однос на американскиот долар. Форекс пазарот како децентрализиран начин на тргување со валути всушност доживеал спектакуларен развој во 1978 година кога валутите слободно фуктуирале една во однос на друга. На пример, дневниот промет во 1977 година бил околу 5 милијарди долари, а во 2000 година се зголемил на 1,5 билиони долари. Според наведеното, главни фактори кои допринеле до овај раст на форекс пазарот се:

  • Променливоста на каматните стапки;
  • Порастатот на корпоративното учество;
  • Развој на телекомуникацијата;
  • Усовршување на трејдерите;
  • Развојот на компјутерските технологии и програмирања.

Инаку, Форекс пазарот како основна светска валута го има американскиот долар, кој всушност е основна валута за тргување, а најзастапени валути покрај доларот се еврото (EUR), Јапонскиот јен (JPY), британската Фунта (GBP), Канадскиот долар (CAD), швајцарскиот франк (CHF), а се повеќе е присутен и австралискиот долар (AUD). Покрај валутните парови кои во себе го содржат американскиот долар, често се тргува на форекс пазарот со таканаречени crosscurrency, валутни парови во кои не е вклучен американскиот долар (на пример AUD/JPY, EUR/GBP, CAD/CHF, EUR/JPY и др.).

Форекс пазарот е нецентрализиран пазар, а главни актери на овој пазар се комерцијалните и инвестициските банки, заштитните фондови и големите корпорации. На меѓубанкарскиот пазар главни работи се од меѓународна природа, што за последица имаат глобално натпреварување во валутните курсеви. Меѓутоа, корпорациите најчесто ја фокусираат својата форекс активност на домашен пазар или тргуваат со помош на странски банки кои тргуваат во иста временска зона, така што иако активностите на заштитните фондови и корпорации се зголемуваат, банките и понатаму имаат најдоминантна улога на полето кое го представува форекс пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *