Водечки брокер во Македонија и регионот – Fortrade

Fortrade како водечки форекс брокер во нашата земја и регионот, работи како дел од Лидер Групата. Лидер Групата е интернационална мрежа на водечки брендови во онлајн тргувањето, која е основана во 2008 година од страна на група финансиски стручњаци и интернет експерти. Fortrade на своите корисници им пружа избор од неколку многу интуитивни платформи за тргување со едноставно окружување за константно ажурирани финансиски вести, како и ниски спредови.

На денешниот турбулентен глобален финансиски пазар, инвеститорите бараат нови начини да обезбедат профит. FX тргувањето им нуди на инвеститорите возбудлива можност и пазар за приватно FX тргување, кое расте повеќе од 500% годишно. Во минатото, банките и другите големи финансиски институции, наоружани со моќни инструменти за тргување, до кои приватните инвеститори немале пристап, биле во предност во однос на приватните трејдери. Благодарејќи на Fortrade тоа повеќе не е случај. Fortrade на своите клиенти им нуди онлајн платформа за тргување која е доволно едноставна за користење за почетници, како и за искусни трејдери со сите неопходни инструменти. Дизајнирана од страна на трејдери, за трејдерите, Fortrade пружа мал фиксен спред, 24 сатно тргување, 55 валутни парови, плус CFD на метали, роба и берзански индекси.

Со оглед на тоа што една од основните грижи на онлајн трејдерите е сигурноста за тргување со големи износи на пари преку интернет, Fortrade има јасно дефиниран мото на својата компанија: „Интегритетот е нашата највредна валута“. Сигурноста на средствата на корисниците е основа за успех на компанијата и професионалниот тим на Fortrade прави се што е во негова моќ да се одржи интегритетот на платформата за тргување.

Спроведувањето на форекс операциите со голем опсег, бара голема финансиска снага и почитување на највисоките стандарди на работната политика. Fortrade е гранка на официјалната осигурувачка и финансиска куќа која работи со повеќе од 17 милијарди USD. Сметките на корисниците кај Лидер Групата се ревидираат редовно од страна на ревизорската куќа ErnstandYoung. Fortrade, како дел од Лидер Групата, е во обврска да одржувва одвоени сметки, а со цел да се зачуваат поединечните фондови на клиентите. Оваа обврска осигурува контрола и раздвојување на имотот на клиентите од останатиот имот во сопственост на Lider Capitalltd. Фондовите на клиентите кај Lider Capitalltd се депонирани кај финансиските институции кои имаат репутација во Европската унија.

Од својата база на знаење Fortrade им осигурува на своите клиенти:

  • Професионални графикони: едноставни за користење, ажурирани секој момент, можат да се чуваат и различни графикони на посебни страници.
  • Техничка анализа: широк спектар на технички показатели кои им помагаат на клиентите да донесат одлуки.
  • Ажуриран е економски календар и анализи: следење на економските најави, известувања за новитетите, а и Fortrade – овите дневни коментари и анализи им помагаат на трејдерите да бидат благовремено добро информирани.

Fortrade е водечки форекс брокер во регионот и во нашата земја благодарејќи на доследното спроведување на работната политика која во прв план го става интересот на клиентите и своето работење го води во духот на слоганот – интегритетот е нашата највредна валута!

Основни услуги, покрај останатите престижни квалитети, кои Fortrade го ставаат во позиција на водечки форекс брокер во регионот се:

  • Нема провизија или накнада – политиката на куќата не вклучува накнада за депозит, нема накнада за тргување, за роловери, како ни накнада за повик за маргина. Значи, нема никаква накнада. Приходите на компанијата се генерирани на разликата помеѓу куповната и продажната цена.
  • 24 часа на глобална поддршка –  со регистрирани корисници во повеќе од 120 земји низ светот, Fortrade како дел од Лидер Групата има мулти – национален кориснички сервис. Вработените пружаат поддршка на повеќе јазици и во можност е да излезе во пресрет на било кое прашање или барање, што е уште еден од елементите кои го поставуваат на водечка позиција меѓу форекс брокерите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *