Форекс тргување како современ начин на работење

Светската економска криза допринела кон зголемување на невработеноста и пад на општествено економскиот просперитет, а Форекс тргувањето истовремено го доживува својот енормен развој. Тоа произлегува од причини што форекс тргувањето е многу привлечно, како за компаниите, така и за индивидуалните трејдери кои заработуваат пари на форекс пазарот. Со оглед на тоа што на форекс пазарот, како посебен финансиски пазар наменет за тргување со валути, се одвива форекс тргување, потребно е познавање на основните карактеристики по кои форекс се разликува од сите останати сектори на светскиот финансиски состав. Овие карактеристики се гледаат во следното:

  • Зголемена осетливост на голем број фактори кои постојано се менуваат
  • Пристапност за сите трејдери (главни валути и пошироко)
  • Гарантирана количина и ликвидност на главните валути
  • Нон – стоп работно време, што е последица на можноста за тргување со разни валути
  • Екстремно голема продуктивност во однос на другите пазари и сл.

За да може обичен човек да стане учесник на форекс пазарот, потребно е да ги познава основните елементи кои ги подразбира форекс тргувањето, а после совладувањето на потребната работна терминологија, да и посвети внимание на неопходната едукација. Прво прашање кое обично се поставува е – што е предмет на тргување или кои артикли ги третира форекс тргувањето, односно со што се тргува на форекс пазарот? Одговорот е едноставен – се тргува со пари, со тоа што важно е да се спомене дека форекс тргувањето подразбира истовремено купување на една валута и продажба на друга валута на пазарот. Значи, се тргува со валутни парови, а валутните парови, како што се EUR/USD, USD/JPY, CAD/CHF и други, содржат основна валута на валутниот пар (тоа е првата валута во парот) и бројна валута (тоа е втората валута во парот). При тоа треба да се знае дека основна светска валута на форекс е американскиот долар, и треба да се разликува од основната валута во одреден валутен пар. Покрај американскиот долар, постојат главни валути со кои најчесто се тргува на форекс и важно е да се познаваат карактеристиките на тие валути за да биде успешно форекс тргувањет. Во оваа категорија спаѓаат еврото (EUR), јапонскиот јен (JPY), швајцарскиот франк (CHF) и британската фунта (GBP).

Тргувањето се врши со посредство на брокер, а со оглед на тоа што не купуваме/продаваме ништо во физичка смисла, форекс тргувањето може да биде збунувачко за лаиците. Меѓутоа, треба да се знае дека за разлика од другите финансиски пазари како на пример, берзата во Њујорк (New York Stock Exchange), форекс пазарот нема физичка локација (седиште), а ни центар за размена. Затоа форекс тргувањето се одвива по принцип на нецентрализиран пазар, а вредноста на валутите со кои се тргува, претставува одраз на состојбата на земјите и регионот кои ги поседуваат одредени валути. Спрема тоа, без оглед на состојбата на вредноста на валутите во смисла јакнење  или слабење на одредена валута, за форекс тргувањето од витално значење е променливоста на цените на валутите во однос на другите валути на пазарот, што претставува еден од основните елементи со кои се детерминира форекс пазарот. Покрај флексибилноста на валутите, како предуслов за функционирањето на форекс пазарот, важно е да биде осигурана ликвидноста и волативноста за форекс тргувањето да има продуктивен карактер. Овие два важни фактори се осигуруваат така што самиот пазар на валути е многу осетлив на сите промени кои се од економско – политичка природа, како и на сите битни случувања во светот од доменот на општествениот живот, без разлика дали се со позитивна природа (култура, спорт, уметност…) или негативна (елементарни непогоди).  Ова посебно сеоднесува на меѓународните финансиски трансакции, па така и на форекс пазарот.

Во современото работење, еден од феномените кој е препознатлив во смисла на добра организација и програмирање на работни предизвици е работното време. Оваа категорија е во директна врска со проблемот на слободното време, кој по вокација претставува воедно и добар квалитет на животот. Токму работното време нон – стоп на форекс маркетот пружа самоорганизација на трејдерот, односно тргување надвор од стандардното работно време како во останатиот работен сектор, што се смета посебно привлечно, а тоа го пружа форекс тргувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *