Форекс Скопје како дел од светскиот финансиски пазар

Форекс СкопјеПочетоците на настанувањето на нешто што денес се вика Форекс Скопје ги наоѓаме во далечната 1973 година, а тоа е формирањето на меѓубанкарското работење во Здружението на банки, како и формирањето на првиот Форекс клуб во 1975 година. Тогашното име на клубот било Југословенски форекс клуб, а подоцна, со политичките промени во земјата, конечно го добил името Форекс Македонија. Со оглед на тоа што неговото седиште е во Скопје, можеме да зборуваме за институцијата Форекс Скопје, но тоа никако не смее да го ограничува доменот на неговото функционирање. Самото име Форекс Скопје (Forex – Foreign Exchange) го означува пазарот на кој се врши тргување со валути, а воедно претставува и меѓународен израз за тргување со глобални размери.

Значи, форекс ги обединува сите пазари на светот во едно единство, кое функционира постојано 24 часа дневно под еднакви услови и со идентична пристапност, без оглед за кој дел од светот се работи. Тоа значи дека учесниците на пазарот во нашата земја рамноправно учествуваат на меѓународниот финансиски маркет.

Меѓутоа под поимот Форекс Скопје, освен меѓубанкарскиот пазар, во последната деценија се повеќе се подразбира и широко подрачје за тргување. Всушност, со развојот на технологијата, пред се информатичката и комуникациската технологија, во светот се случил брз развој на форекс трувањето во смисла на проширување на доменот на работење. Нешто што до тогаш било достапно исклучиво во банкарскиот сектор, станало потполно достапно за сите, за широките маси, до „најмалите“ инвеститори, трејдери поединци. Во практична смисла, масовен пристап до светскиот финансиски пазар, овозможен е со посредство на интернет, но и благодарејќи на револуционерните промени во правно – финансиските регулативи. Пред се, значаен момент кој придонел кој развојот на форекс во 1998 година е појавувањето на Freefloating валути, односно нивната флексибилност (плутачки курс). Овој факт посебно се издвојува во низот на другите од едноставна причина што својството на флексибилност на валутите го прави форекс место на кое слободно се формира курсот на секоја валута под рамноправни услови. Секако, овде треба да се напомене дека форекс се смета за место за тргување, но условно речено, затоа што за разлика од берзата на акции (Stock Exchange) која има одредено место за размена, форекс нема одредено место во физичка смисла, а посебно е важно да се истакне дека форекс е нецентрализиран пазар, што му дава посебна атрактивност и креативност. Спрема наведеното, ни Форекс Скопје не подазбира место во физичка или територијална смисла, што на лаиците би им се причинило како ограничувачки фактор, туку означува трговински активности од нашите простори кои се одвиваат во склоп на светскиот финансиски пазар. За разлика од терминот како Скопска берза, Лондонска берза или Њујоршка берза, форекс е меѓународен израз за сите финансиски трансакции во глобална смисла, затоа што тие се вршат без никакви ограничувања и без разлики. Буквално значи дека еден трејдер во Скопје еднакво на својот монитор ги следи случувањата на форекс како и било кој друг трејдер на било кој крај на светот. Оваа конформност се осигурува со присуство на форекс брокери кои со својата услуга на посредници на финансискиот пазар им овозможуваат на своите клиенти несметан пристап и работа. Најповолен начин на посредување е ако форекс брокерот работи (има свое претставништво) во локалната средина, затоа што тогаш е во прилика да им се пружи целосна поддршка на корисниците. Во Македонија, како и во регионот, еден од најпопуларните форекс брокери е Fortrade, кој со висок квалитет на поддршка која им ја пружа на своите корисници со строгото придржување до кодексот на престижната работна политика, има се повеќе шанси со својата препознатливост да стане не само лидер, туку и синоним за името Форекс Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *