Форекс берза и фазите на нејзиниот развој

Форекс берза или форекс настанал како скратеница од англискиот зобр Foreign Ehchange Market, а означува меѓународен израз за пазар на валути на кој се тргува со валутни парови и со други инвестициони инструменти. Форекс берзата функционира во рамките на извршување на секојдневните тргувања на сите светски добра како активност, а исто така и размена на валути помеѓу земјите кои тргуваат. Со оглед на тоа дека светскиот пазар функционира преку најголемите центри на пет континенти, тргувањето се одвива практично 24 часови дневно, а се тргува со пари. Основната особина на парите која представува воедно и предмет на тргување е неговото движење. Движењето  е едноставно однос на една валута во однос на друга. На пример, однос EUR/USD покажува колку евра треба за купување на еден американски долар, односно колку треба да имаме американски долари за купување на едно евро.

Пред  да почнеме да тргуваме на пазар како што е форекс мораме да знаеме одредени поими без разлика на искуството во тргувањето. Со некои од тие поими веќе се имаме сретнато, но потребно е да ги повториме во вкупниот попис и да ги совладаме, а со време и потполно целосно да ги освоиме секој од поимите кои ги третира форекс берзата. Тоа се поими кои најпрво се однесуваат на валути и валутни парови. Затоа разликуваме: главни и „мали“ валути, основни и бројни (мерни) валути.

Форекс берзат има осум валути со кои се тргува најчесто (USD, EUR, JPY, GBP, CHF, CAD, AUD и NZD) и тие се нарекуваат главни валути. Сите други валути се нарекуваат мали валути. Всушност, најчесто се тргува со она што се нарекува „големите 5“ (USD, EUR, JPY, GBP и CHF). Тоа е затоа што овие валути најчесто се најликвиднни, иако никогаш не може да се тврди дека и тн. „мали“ валути не можат да бидат такви. Основна валута е првата валута во било кој валутен пар. Таа покажува колку вреди основната валута во односот спрема другата валута. Мерна валута е другата валута во било кој валутен пар. Често се нарекува и пипс валута и целата нереализирана добивка и загуба се изразува во оваа валута.

На девизниот пазар (Форекс берза) купуваме или продаваме валути. Поставувањето на налози на девизниот пазар е едноставно: постапката е многу слична како таа на другите пазари (како акционерските берзи). Користа од Форекс тргувањето, односно, основната функција која ја има Форекс берзата е размена на една ваута во друг и очекување дека цената ќе се промени, така што на валутата која сме ја купиле, ќе и се зголеми вредноста во однос на онаа која сме ја продале. Форекс тргувањето е суштински истовремено купување на една и продажба на друга валута. Со валути се тргува преку брокери или продавачи, и се тргува во парови, на пример, евро и американски долар (EUR/USD) или британска фунта и јапонски јен (GBP/JPY).

Како главни фази кои влијаеле да се развие Форекс берзта во денешниот современ облик се сметаат:

  • Потпишување на Bretton Woods договорот
  • Формирање на Меѓународниот монетарен фонд (IMF)
  • Итноста на free – floating пазарот на валути
  • Стварање на девизни резерви
  • Формирање на Европска монетарна унија и Европски монетарен фонд
  • Воведување на Еврото како валута

Наведените фази имаат своја комплексна содржина, а и надоградба која ја претрпеле со времето, а во склад со напредокот на техничко – технолошките процеси и економско – политичките промени во светот. Сето тоа заедно придонело кон развојот на светската финансиска трговија и резултирало со модерното функционирање и обликот каков денес го има Форекс берзата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *