Форекс стратегии

Важност на Форекс стратегиите за успешност во тргувањето

форекс стратегииВо праксатa широко e прифатена применaта на разни готови состави за тргување, но за предностa на Форекс стратегиите, кои секој трејдер треба да ги направи спрема својот личен модел на тргување и сопствената перцепција на форекс тргување, често говорат стручнаци од оваа комлексна област. Како основа на секоја Форекс стратегија, многу мислења ставаат на значење разбирање на елементарни факти кои би требало да ги содржи секоја Форекс стратегија, односно, потребно е да се остварат две основни цели во тргувањето – рано препознавање на трендот и препознавање на лажни тренд сигнали.

Основни елементи на секоја Форекс стратегија:

  • Пронајдување на временски период (time frame) кој нам најдобро ни одговара за тргување.
  • Пронајдување/избор на индикатори кои ќе ви помогнат порано да ги идентификувате трендовите
  • Пронајдување/избор на индикатори кои ќе ни помогнат да ги избегнеме лажните сигнали
  • Дефинирање на ризикот по влез во позиција (планирање на трговински трансакции)
  • Дефинирање на позиции на влез и излез.
  • Правење на правила на сопствени Форекс стратегии (придржуввање на форекс стратегии е обавезно)

Форекс стратегиите потребно е обавезно да се тестираат пред примена на live account. Тестирањето обично се одвива во три основни фази:

  1. Првата фаза подразбира тестирање на база на историски податоци на графиконот (back -testing). На тој начин се проверува колку би била успешноста на форекс стратегиите, која е предходно направена, а тоа подразбира да е во склад со своите правила за да биде профитабилна.
  2. Ако се утврди дека е профитабилна, следната фаза подразбира тргување со неа на демо сметка. Оваа демо фаза трае едно време, во зависност од соствените афинитети и способностите на трејдерот, а основното нејзино значење се состои во стекнување на рутина во тргувањето кога пазарот се движи.
  3. Преминување во работа на реална сметка подразбира спремност на трејдерот да ги почитува сите правила однапред поставени, а кои се дел од Форекс стратегиите за тргување.

По пат на правилата дека секое озбилно работење се одвива по претходно добро направен бизнис план и работата на секој Форекс трејдер тоа го побарува. План на тргување е важен пред се од тоа што осигурува конзистенција во работата , како основен показател за успешнста во тргувањето. Планот може да биде едноставен или сложен, а се во зависност од преференциите и пред се знаењата на трејдерот, но секако треба до него да се придржуваме, како основен водич во работењето. Но и не е неопходно да се користат сложени комплицирани Форекс стратегии, поради тоа што не е гаранција за успех, но е важно во потполност да се разбере одбраниот состав со секојдневната примена.

Записник за тргување и функционалност на Форекс стратегиите – Водење на записник за секоја трговинска трансакција е посебно важна, посебно за почетници заради тоа што на тој начин се формира хронолошко следење и надоградување со знаење, како и полесно следење на вообичаените пропусти и проблеми на кои секој трејдер треба да се фокусира, а со тоа и да го унапредува својот сопствен начин на функционирање на Форекс стратегијата. Овој работен чекор во процесот на планирање на тргувањето посебно делува стимулативно во поглед на стекнување на самодоверба заради тоа содржи податоци од почетни чекори кон рутинско донесување на одлуки, што позитивно се одразува во доменот на психилошка анализа како најкомплексен фактор на целокупната Форекс анализа.

Во то смисла, психологијата на трејдерот има значајна улога  при изработка на секоја форекс стратегија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *