Форекс и современо работење

ФорексФОРЕКС е скратеница од англиското име Foreign Exchange и претставува меѓународен израз за пазар со странски валути. Често во секојдневната терминологија еднозначно се користи изразот девизен пазар, што не е исправно, со оглед на тоа што поимот „странска валута“  е поширок од изразот „девиза“. Поимот „девиза“ се однесува само на побарувачката во странска валута, додека тргувањето со валути на Форекс пазарот подразбира истовремено купување на една валута и продажба на друга валута. Така, во валутниот пар (на пример EUR/USD) ја купуваме првата валута (во овај случај EUR), а истовремено ја продаваме другата валута (во наведениот пример тоа е USD).

Значи, Форекс (Foreign Exchange) е име за пазар на валути на кој се тргува со валутни парови т.е.  со валути на различни земји. Освен со валутни парови може да се тргува и со останатите деривати, кои се во меѓузависен однос спрема вредноста на валутите на земјите и регионот кои поседуваат одредена валута, па со неа искажуваат одредена вредност (стоковни валути). Сите валути имаат своја вредност која зависи, односно, ја изразува состојбата на земјите. За да биде јасно како функционира форекс кој по дефиниција претставува тргување со валути, треба да се нагласи основното својство на валутите, односно различните вредности на валутите. Па логично е дека постои место, пазар, на кое се поставуваат тие вредности и се врши нивна споредба. А таму каде што постои пазар, постои и спекулација, што ја придвижува трговијата,  а пазарот го прави активен. Учесници на пазарот се пред се банките, потоа корпорациите кои ја штитат својата изложеност на валутниот ризик, централните банки кои управуваат со рационални економски цели преку монетарната политика, големите инвеститори кои спекулираат и трејдерите индивидуалци кои ги има се повеќе од почетокот на овој век. Всушност, кон крајот на деведесетите години на дваесетиот век дошло до брз развој и примена на информациските технологии, како и до значајно унапредување на светскиот финансиски пазар во смисла на правна и друга потребна регулатива. Со тоа, централизираниот пазар, кој до тогаш функционирал како интербанк пазар, односно, каде целокупниот пазар практично бил во доменот на професионалните трговци – банкари, почнал да функционира како нецентрализиран пазар, односно форекс.

Форекс денес претставува заносет потфат, како за големите инвеститори, така и за индивидуалните учесници на светскиот финансиски пазар. Секојдневното напредување на техничко – технолошкото окружување потребно за функционирање на форекс доведува до популаризирање на оваа и така многу популарна дисциплин. Водечките брокерски куќи се тркаат во квалитетот на пружање на услугите на своите клиенти, што се гледа во следењето на светските работни иновации, усовршувањето на платформите за работа, збогатувањето на општата понуда за корисниците преку осигурувањето на најповолните услови за работење, понудата на најатрактивните бонуси и останатите погодности за трејдерите. Професионалната поддршка која им се пружа на форекс трговците има достигнато таков квалитет, пред се во меѓусебната комуникација, што комфорот во работењето на форекс пазарот е доведен на многу високо ниво. Квалитетен и правовремен проток на информациите, достапност на актуелните вести, можност за учество во форумите и едукациските програми, доставување на анализи кои ги прават професионални тимови и многу други елементи за поддршка го направиле форекс многу приступачен. Водечките брокерски куќи, како Fortrade кој е еден од најпопуларните на нашиот пазар, отвараат свои претставништва и уреди во земјите и регионите низ светот, а се со цел трејдерите да добијат помош и услуга за да остварат што подобри резултати во тргувањето. Со оглед на тоа што форекс е многу комплексна работна дисциплина, големо значење има професионалната поддршка на работењето, што подразбира, пред се, секојдневно следење на иновациите, напредок на технологиите на работата и континуирано унапредување на вкупниот процес на работење. Истовремено може да се каже дека следењето на современите светски работни трендови сигурно подразбира и современо тргување на пазарот каков што е форекс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *